Во Босна пристигнуваат дополнителни сили на ЕУФОР

Од:

Дополнителни сили на ЕУФОР почнаа да пристигнуваат во Босна и Херцеговина како мерка на претпазливост за зајакнување на стабилноста во БиХ, пренесува Бета.

Сараевските медиуми денеска објавија дека секој ден во БиХ пристигнуваат по десет до 20 возила и дека со новите сили на ЕУФОР во Босна и Херцеговина ќе бидат распоредени над 1.000 војници кои ќе гарантираат стабилност заедно со вооружените сили на БиХ.

ЕУФОР претходно објави дека повеќе од 2.000 нивни членови се подготвени да дојдат во БиХ во секое време, како дополнителна поддршка.

ЕУФОР предупреди дека влошената безбедносна ситуација на меѓународно ниво може да предизвика нестабилност во БиХ.

„Распоредувањето на овие сили е превентивна мерка преземена за зајакнување на стабилноста во БиХ со позиционирање на доволен број способни сили во земјата за поддршка на институциите на БиХ во одржувањето на безбедна и стабилна средина“, соопшти претходно ЕУФОР.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Уапсен министерот за безбедност на Босна и Херцеговина

ВИДЕО: Драматично во Босна, градови и села со денови се отсечени поради снегот

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Уште се трага по исчезнати во Босна: Ова е катаклизма

Катерина Ѓуровски

Пронајдени уште две тела во поплавените региони во БиХ

Катерина Ѓуровски

Спасувачите во Јабланица извлекоа мало дете: Беше под плоча тешка два тона

Катерина Ѓуровски