Во Белград со нож убиен српски репрезентативец

Од:

Српскиот репрезентативец Стефан Савиќ е убиен во ноќта меѓу саботата и неделата на улицата Дунавска во Белград кога непознато лице со остар предмет го прободело во градите, дознава Телеграф.рс.

Друго момче С.М., се здобило со убодни рани во градниот кош и левата надколеница. Двајцата биле пренесени во Ургентниот центар, но Савиќ им подлегнал на повредите.

Како што дознава Телеграф, околу еден часот Брзата помош во Ургентниот центар донела две лица, родени 2001 и 1992 година, кои се здобиле со убодни рани на улицата Дунавска. Тие биле нападнати од две непознати лица.

Савиќ беше репрезентативец на Србија и освојувач на бронзен медал на Светското првенство IMMAFED 2023 кое лани се одржа во Тирана.

Би можело да ве интересира

Притвор за осомничените за убиството во Гостивар, мотив било несогласувања и конфликти

Убиство во Гостиварско, застрелан жител на Дебреше

Предраг Петровиќ

Во Белград мајка го пронашла својот мртов син, неговото тело се распаѓало

Уапсен уште еден соработник на Хајризи кој му помогнал да избега од затвор

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, се трага по напаѓачите

Горан Наумовски

Три лица загинаа во престрелка во Албанија, полицијата трага по сторителите

Горан Наумовски