Амбасадата на САД во Атина соопшти дека на 8-ми август претседателот Барак Обама ќе биде гостин на грчкиот премиер Антонис Самарас во Белата куќа.
Според соопштението средбата е потврда на силината на американско-грчките односи засновани заедничките интереси и НАТО алијансата. Посетата е со цел и да се искаже поддршката за напорите на Грција да ја реформира нејзината економија и да влезе во фаза на просперитет.
Според соопштението, се очекува на средбата да се разговара за широк спектар на заеднички интереси и предизвици вклучувајќи ја американско-грчката одбранбена соработка, трговијата, регионалната соработка, антитероризмот, можностите за решавање на кипарското прашање како и ситуацијата во Северна Африка и Сирија.