Во Атина повредени пет полицајци

Од:

Пет полицајци се повредени во синоќешните судири со демонстрантите пред амбасадата на САД во Атина.

Како што пренесе „Франс прес“ тие излегле на улиците за да одбележат 41-годишнина од студентскиот протест против тогашната диктатура во државата.

Инцидентот се случил откако 7.000 полицајци кои биле распоредени да одржуваат ред на протестите на кои се собрале околу 18.000 лица, испалиле солзавец и шок бомби за да ги растераат луѓето кои пред амбасадата палеле знамиња на САД и ЕУ.

Наспроти собирот во Атина, на кој се уапсени седум демонстранти, протестите во Солун на кои имало околу 14.000 лица, завршиле мирно.

За потсетување во 1973 година во студентските протести против тогашната грчка диктатура, полицијата и војската отвориле оган врз демонстрантите и граѓаните кои биле на улиците кај централниот атински кампус.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит