Во Атина отворен Центар за борба со родовото насилство и повеќекратна дискриминација

Од:

Возрасни лица кои независно од родот биле или се жртви на било каков облик на насилство: психолошко, физичко, сексуално, економско или социјално, лица жртви на семејно насилство, но и лица жртви на повеќекратна дискриминација, мигранти, бегалци, инвалиди, невработени, самохрани родители итн, можат да се обратат до Центарот за борба со родовото насилство и повеќекратна дискриминација на општина Атина, што денеска беше свечено отворен, јави дописничката на МИА од Атина.

Центарот беше отворен во присуство на грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и градоначалникот на Атина Костас Бакојанис, кои ја истакнаа важноста на конкретната иницијатива.

Сакеларопулу рече дека сите форми на насилство се меѓусебно поврзани, а со борбата со едната форма се надминува другата, говорејќи детално за семејното и родовото насилство особено врз жените кои, како што рече, кога „доминираат патријархалните структури, трпат и физичкото насилство бидејќи тие не се „доволни“ партнери, мајки или ќерки и треба да молчат“.

-Нивниот молк, сепак веќе одекнува. Нивниот нем очај е апел за помош. Особено охрабрувачки одговор се иницијативите како што е оваа на Општина Атина, која со создавањето на Центарот ја интегрира родовата димензија во своите активности, притоа нагласувајќи ја нејзината интеракција со другите форми на дискриминација, порача Сакеларопулу.

Градоначалникот на Атина, Костас Бакојанис истакна дека денеска испраќаат силна порака против дискриминацијата, заплашувањето и против насилството.

Центарот во кој работи специјализиран научен кадар, секојдневно ќе обезбедува бесплатно социјално, психолошко и правно советување на жртвите на насилство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца мажи, бебе и девојче загинаа во сообраќајка во Грција

Горан Наумовски

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Грчки граничар е ранет во престрелка во близина на грчко-турската граница

Големо невреме во Грција, громови предизвикаа нови пожари

Горан Наумовски

Која грчка плажа плени со своите карактеристики на море, планина и велелепни погледи кои пленат воздишки?

Горан Наумовски

Грција донесе итни мерки поради екстремните температури