Грчки студенти од целата држава ќе одржат денеска пред Министерството за образование во Атина протест заради владиниот план за намалување на бројот на катедри на универзитетот, наречен „атинска шема“.
Планот со кој е предвидено затворање на 97 катедри, воглавно на техничките факултети, веќе наиде на отпор на студенти и професори.
Демократската левица која е дел од коалициската Влада, исто така изрази резерви за планот.