Во Анкара средба Чавушоглу – Лајчак

Од:

Специјалниот претставник на Европска Унија за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, денеска во Турција се сретна со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, со кого разговараше за процесот на нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина.

– Благодарност до Мевлут Чавушоглу за турското гостопримство, поддршката за мојата работа и важните разговори за Западен Балкан, а посебно за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, напиша Лајчак на Твитер.

Претходно, Чавушоглу на Твитер објави дека со Лајчак разговарал за „Западниот Балкан и регионалните настани, а особено за Украина“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина