Албанскиот Институт за јавно здравје (ИВЗ) информираше дека во земјата е потврдено присуство на сојот Омикрон БА1 и БА2.
– Од референтната лабораторија во Германија бевме информирани за испратените примероци, каде од вкупно 556 примероци се покажа дека во земјата циркулира БА1 и БА2 варијантите на Омикрон. Исто така, но со мал процент циркулира и сојот Делта, се наведува во соопштението на ИВЗ.
Во соопштението се додава дека присуството на БА1е потврден кај 476 лица или 86 отсто од испратените примероци, БА2 имаат 46 лица или 8,3 проценти, а кај 18 лица или четири отсто потврдена е сојот Делта.
– Распространетоста на БА2 случаи е поголема во заедницата во споредба со болничките случаи. Како што се случи во други земји, веројатно оваа варијанта ќе се префрли на доминантна варијанта, наспроти други варијанти поради високата преносливост, наведуваат од Институтот.
ИВЗ апелира до сите граѓани да се вакцинираат против Ковид-19 во здравствените домови или пунктови за вакцинација, а ја потенцира и важноста од дополнителна, трета доза. Во Албанија досега со две дози вакцинирани се над 1,2 милиони граѓани, а со трета доза повеќе од 245.000 луѓе.
Извор: МИА