Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири изјави дека властите во државата оваа година уништиле марихуана чија пазарна вредност би била 6,4 милијарди евра. Тоа е над 60 отсто од БДП на Албанија.
Тахири вели дека од март полицијата уништила 102 тона марихуана и 530.000 стебла канабис и уапсила или подигнала обвиненија против 1.900 луѓе.
Повеќето од половината е откриена во селото Лазарат во јуни.
Тахири додаде дека Албанија веќе не е држава во која се произведуваат наркотици и вети борба против „наркотиците и перењето пари“.