Во Албанија 840 новозарзени и 16 починати од Ковид-19, болниците преполни

Од:

Продолжува влошената епидемиолошка состојба со Ковид-19 во Албанија, каде во изминатото деноноќие се регистрирани 840, со што вкупната бројка на заразени достигна 42.988 лица.

– И понатаму главно жариште на болеста е Тирана каде се 345 од новодијагностицираните, поради што утре токму таму почнуваме со примена на брзите тестови. Во изминатото деноноќие битката со опасниот вирус ја добија 331, а ја изгубија 16 пациенти, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Од почетокот на пандемијата направени се 204.008 тестови, речиси половина од вкупно заразените, 21.617 закрепнале, додека 905 починале.

Според Министертвото, во четирите ковид болници хоспитализирани се 497 пациенти, 35 се на интензивна нега, а деветмина се интубирани.

Наспроти тврдењата на надлежните дека болничките капацтети не се пополнети, медиумите го тврдат спротивното. На снимки се гледа како амбулантни возила со пациенти во нив чекаат во болничките кругови за да се ослободи кревет.

Телевизијата Њуз 24 пренесува трогателна изјава на момче чија мајка починала попладнево во амбулантното возило додека со часови чекале да биде хоспитализира.

– Душата ми е пекол. Не можев да гледам како мајка ми умира во амбулантно возило како да е добиток. На мајка ми не и беше направен тест иако имаше симптоми на коронавирусот. Во болниците велат дека нема, а се лекуваше дома со лекови препорачани од матичниот лекар, каква здравствена заштта имаме еве се гледа, изјави момчето низ солзи.

Пред болницата, според телевизијата, со часови се паркирани најмалку десет амбулантни возила, во кои има пациенти со потешка форма на болеста.

Би можело да ве интересира

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици