Познатиот актер, 78-годишниот Бата Живојиновиќ, кој пред два месеци имаше мозочен удар, се бори за животот, пишуваат српските медиуми.
Поради тешката здравствена состојба, легендарниот Бата е на Воено-медицинската академија во Белград, каде е приклучен на апарати за дишење.
Докторите не се осудуваат да дадат прогноза за неговото опоравување.