Владиката Ваљевски Милутин „откри“ кој е виновен за сушата која ја погоди Србија.
Епископот рекол дека човечките гревови се виновни за сушата, и дека е важно сите верници да се покајат за своите лоши дела, за Бог да им прати дожд.
Владиката ги повикал верниците во недела да се соберат во Храмот на Христовото воскреснување и со молитва да повикаат дожд.
Атеистите од Србија реагираат дека ова е лага за да се зголеми бројот на верниците. Сметаат дека не е соодветно свештени лица да го обвинуваат народот за сушата. Тие велат, дека синоптичарите за в недела, врз основа на научни параметри, рекле, дека ќе падне дожд.