Владејачката Нова демократија освои 40,8 отсто од гласовите на изборите во Грција

Од:

Грчката владејачка Нова демократија освои 40,8 отсто од гласовите на парламентарните избори во неделата пред левичарската Сириза, која освои 20,1 отсто од гласовите врз основа на над 90 отсто преброени гласачки ливчиња.

Според овие резултати, Нова демократија нема да може сама да формира влада, објави Ројтерс.

Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство.

Сириза освои 72 места, ПАСОК 41 мандат, Комунистичката партија 26, а десничарската партија „Грчко решение“ 16 места.

Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу од денеска ќе им даде рок на првите три партии на изборите – Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК – по три дена да формираат коалициска влада.

Доколку партиите не можат да формираат влада, Сакеларопулу ќе назначи преодна влада за да се подготви за одржување нови избори, кои потоа треба да се одржат за околу еден месец.

Грчкиот премиер и лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, кој постојано изјави дека сака силна еднопартиска влада, рече дека верува оти добил јасен мандат.

„Резултати од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силнo и независнo“, изјави синоќа Мицотакис пред насобраните граѓани пред седиштето на партијата во центарот на Атина.

Лидерот на Сириза, поранешниот премиер Алексис Ципрас, му ја честиташе победата на Мицотакис, јави грчката агенција АНА-МНП.

Би можело да ве интересира

Се урна хеликоптер во Грција

Ново невреме во Грција – тешка ситуација во Волос и Евија

Овци во Грција бараа свежа трева по поплавите и изедоа 100 килограми канабис

(ВИДЕО) Во Грција: Жена падна во морето додека се качуваше на брод, луѓе веднаш скокнаа по неа

Горан Наумовски

Девојка од Србија пронајдена мртва на Крит

Брачен пар од Австрија дојде во Грција на меден месец и загина во поплавите

Горан Наумовски