Владејачката коалиција во Грција ќе одлучува за иднината на ЕРТ

Од:

Лидерите на трите партии кои се дел од владејачката коалиција во Грција, ќе се сретнат денеска, токму на датумот кога се навршува една година од нивниот избор, во обид да постигнат компромис за иднината на државната радио и телевизија ЕРТ или во спротивно ќе бидат во опасност да не можат да продолжат да управуваат, пишува весникот „Катимерини“.

Премиерот Андонис Самарас во петокот направи обид да го реши спорот со коалициските партнери од социјалистичката партија ПАСОК и Демократската левица (ДИМАР) во врска со ненадејното затворање на ЕРТ.

Тој предложи оваа недела да биде составена меѓупартиска комисија, која ќе започне со именување на основниот персонал на новата радио и телевизија, како замена за ЕРТ.
Неговиот предлог беше одбиен од коалициските партнери, кои се против затворањето на државниот медиум и останување без работа на околу 2.700 луѓе.

Извори од ПАСОК изјавија дека идејата на премиерот не е согласно јавниот став на партијата по ова прашање, според која ЕРТ треба нормално да ја обнови дејноста, а членовите на коалицијата треба да се договорат за нејзино реструктуирање.

Од своја страна, лидерот на ДИМАР Фотис Кувелис истакна во саботата дека нема да прифати „компромисно“ решение.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица