Владата на Србија вети исполнување на сите барања на родителите чии деца учат во ОУ „Владислав Рибникар“

Од:

Игор Ѓорѓевиќ, претседател на Советот на родители на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар за РТС изјави дека на состанокот во Владата на Србија им било ветено дека ќе бидат исполнети сите барања што ги поставиле во средата.

Советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“ каде минатата недела беа убиени осум ученици и еден обезбедувач, во средата изнесе седум барања со кои, меѓу другото, бараат реконструкција на настанот, објаснување што ќе се случува со момчето кое го изврши масакрот, како и одговорноста на луѓето кои го објавија списокот со имињата на настраданите.

Претставници на Советот на родители денеска беа поканети на состанок во Владата на Србија на кој им беше ветено дека ќе бидат исполнети сите барања.

– Беше организирана средба во кабинетот на која покрај премиерот имаше и тим задолжен да ги исполни нашите барања. Добивме цврсто ветување дека сите наши барања ќе бидат исполнети и дека од денеска ќе почнеме да работиме на реализација и исполнување на тие барања – изјави Игор Ѓорѓевиќ, претседателот на Советот на родители на ОУ „Владислав Рибникар“, по завршувањето на состанок.

Тој посочува дека во овој момент не може да излезе во јавноста со повеќе информации, бидејќи ќе има секојдневна комуникација со тимот и премиерката Ана Брнабиќ од која ќе добива поединечни информации за поединечни барања.

Би можело да ве интересира

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ