Вјоса Османи: Во Косово никогаш веќе нема да има српска војска и полиција

Од:

Косовската претседателка, Вјоса Османи порача дека „на територијата на Република Косово никогаш веќе нема да има ниту полиција ниту војска на Србија“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Реагирајќи на денешната најава на официјален Белград дека „се разгледува можноста“ за испраќање илјада војници во Косово, што е наводно „согласно Резолуцијата 1244“ на Советот за безбедност на Обединетите нации, Османи порача дека „хегемонистичкиот сон на Србија нема да заживее никогаш“.

Косовската претседателка вели дека изјавата на српската премиерка, Ана Брнабиќ, за плановите за испраќање војска во Косово „докажува дека во таа држава продолжува да опстојува хегемонистичкиот начин на размислување“ и побара од меѓународната заедница да го осуди таквото однесување на српските власти.

– Отворената закана за полициска и воена агресија од страна на Србија докажува дека во таа држава продолжува да опстојува хегемонистичкиот начин на размислување. На ова треба јасно да се спротивстави и да го осуди сиот демократски свет, кој му го нанесе најсилниот удар на таквото резонирање токму во 1999 година, напиша Османи на нејзиниот Фејсбук.

Пред Брнабиќ, вчера и директорот на Канцеларијата за Косово при српската влада, Петар Петковиќ изјави дека се разгледува можноста за испраќање илјада војници во северно Косово, затоа што, според него, меѓународните мисии КФОР и ЕУЛЕКС не си ја вршат работата и српската етничка заедница таму е загрозена.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции

Косовските цариници заплениле стока од Македонија вредна 30.000 евра

И Али Ахмети е во Косово

Катерина Ѓуровски

Курти остро кон Србија: Тоа е паравоена држава, во историјата имаа две и пол години демократија

Обвинителство во Приштина: 10 уапсени во врска со нападот кај Зубин Поток

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија