Вилсон: Путин можеби и помогнал на Црна Гора да добие покана за НАТО

Од:

Потпретседателот на американскиот Атлантски совет, Дејмон Вилсон острата реакција на Москва, во врска со неодамнешната посета на премиерот Мило Ѓукановиќ на САД и НАТО ја оцени како интензивен притисок.

– Мислам дека (рускиот претседател Владимир) Путин можеби и помогна на Црна Гора да добие покана за членство во НАТО, истакна Вилсон, додавајќи дека црногорскиот премиер Ѓукановиќ за време на неодамнешната посета на Вашингтон „завршил одлична работа“, прикажувајќи ја сликата за Црна Гора, која е подготвена да биде сојузничка на САД и НАТО.

– Мислам дека и напрви голема услуга на својата земја, со отворен и искрен разговор за предизвиците, со кои Црна Гора се соочува на внатрешен план, нагласи Вилсон.

Тој острата реакција на официјална Москва по повод посетата на Ѓукановиќ на САД ја оцени „како нов развој на ситуацијата и интензивен притисок“.

– Путин практично прогласува војна на унапредувањето на Европа по Студената војна. Станува збор за мошне неправедни обвиненја, сметам дека Црна Гора воопшто не е анти-руски настроена. Црна Гора јасно става до знаење дека сака иднина втемелена во демократските институции и слободниот пазар, изјави Вилсон.

Би можело да ве интересира

Мелони: Праведен мир во Украина е можен само ако НАТО им даде гаранција за безбедност

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Лосон: Со Македонија сме партнери во НАТО и работиме заедно на стратешки цели

Горан Наумовски

Арсоски: Ние сме сериозни кон обврските во НАТО

Русија: НАТО мора да го повлече ветувањето за Украина од 2008 година

Зеленски: Русија се подготвува за војна со НАТО следната година