Вигенин: Односите со Македонија се клучни

Од:

За нас односите со Република Македонија се клучни, таа е наш сосед, имаме заедничко историско минато како и голем број неискористени можности за економска соработка од двете страни на границата.

Впрочем, нашиот заеднички интерес е еден ден Република Македонија да стане членка на Европската Унија, порача во интервју за бугарскиот весник 24 часа министерот за надворешни работи на Бугарија Кристијан Вигенин.

За да стане членка на ЕУ, Македонија мора да ги реши проблемите со соседите. Да покаже дека се придржува до принципот на добрососедство и да ги реализира неопходните реформи, кои се очекуваат од Европската Комисија.

Ова не е лесен процес, се случува бавно, но јас сум прилично оптимист, бидејќи за Република Македонија нема друг пат.

Во моментов сме во процес на преговори за потпишување на договорот за добрососедство и соработка, нагласува Вигенин и порачува дека македонската страна треба да го покани нашиот преговарачки тим.

До овој момент таква покана сеуште не е дојдена, но ја очекувам во август или во првата половина на септември.

Постојат три посериозни спорни прашања. За нивно решавање е потребна силна политичка волја.

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени