Вигемарк нов шеф на делегацијата на ЕУ во БиХ

Од:

Советот за надворешни работи на Европската унија го назначи денеска Ларс Гунар Вигемарк за специјален претставник на ЕУ за Босна и Херцеговина.

Вигемарк исто така ќе ја преземе функцијата шеф на Делегацијата на ЕУ во БиХ.

Ларс Гунар Вигемарк во моментов е шеф на Делегацијата на Унијата во Пакистан и има повеќе од 30-годишно искуство во шведските и европските дипломатски служби.

Работел во повеќе дипломатски мисии, вклучувајќи ги и тие во Москва и Вашингтон, а беше и шеф на Единицата за безбедносна политика во Европската комисија.

На должноста во БиХ, која ќе ја преземе на 1 март, Вигемарк го наследува Петер Соренсен, кој оваа функција ја извршуваше од 1 септември 2011 година.

– Искуството на господинот Вигемарк ќе претставува важен придонес за нашиот ангажман во БиХ, како и за надворешните работи на ЕУ, изјави високиот претставник на Унијата за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски