Виенска полиција: Истрагата е во тек, се проверува дали навистина се работи за девојчето Данка Илиќ

Од:

Виенската полиција денеска соопшти дека истражува дали девојчето кое во саботата вечерта беше видено на трамвајската станица во Виена е навистина исчезнатата Данка Илиќ од Бор.

Тоа го изјавија од полицијата на прашањето како напредува истрагата и додадоа дека се во постојан контакт со српските власти.

„Српски државјанин кој живее во Виена на 30 март 2024 година околу 20 часот видел двегодишно девојче исчезнато во Србија на трамвајска станица во центарот на Виена. Со детето имало две жени. Контактирал со српските власти. Тие контактирале со виенската полиција „Сведокот беше сослушан и беше обезбедена снимка од набљудувањето на мажот. Точните околности, особено дали навистина се работи за исчезнатото девојче, се предмет на тековната истрага“, соопшти полицијата.

Двегодишната Данка Илиќ исчезнала на 26 март околу 13.45 часот во Бањско Поле кај Бор, а во моментот на исчезнувањето била облечена во виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и коса врзана во опавче.

Девојчето има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри.

Откако се анализираше се што досега е направено во потрагата по двегодишната Данка Илиќ, истрагата на територијата на Србија е проширена и во Австрија, а Интерпол распиша жолта потерница. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Би можело да ве интересира

Родителите на Данка плачеа додека дава исказ во Обвинителството

Родителите на убиената Данка: Се е лага, монструмите се уапсени, но се уште не ја знаеме вистината

12 дена се трага по телото на Данка, осомничените ќе одат на психијатриско вештачење

Во потрагата по Данка полицијата пребарува депонии и резервоари со вода

Горан Наумовски

Продолжува потрагата по телото на Данкa: Се пребарува подрачјето на селото Злот, барите и Лазарев Кањон

Во потрага по телото на малата Данка, полицијата го пребарува поширокото подрачје на селото Злот