ВИДЕО:Загинати и повредени во силен земјотрес во Италија

Од:

Силен земјотрес утринава ја погоди Италија. Агенциите јавуваат дека има најмалку десетина загинати и одреден број затрпани во урнатини.

Американскиот Геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со сила од 6,2 степени, а епицентарот бил во близина на градот Норчија, во регионот Умбрија. Потресот се случил во 3 часот и 36 минути.

Земјотресот се чувствувал во средна Италија од Римини до Наполи. Епицентарот е во Акумоли.

Градоначалникот на Аматриче изјави дека силниот земјотрес го срамнил половина од градот. Во него живеат околу 2 700 луѓе. Според зборовите на градоначалникот Серџо Пироци, под урнатините на зградите има уште затрупани луѓе, соопштува РИА Новости.
„Половина од градот нема“, рече тој, додавајќи дека имало луѓе под урнатините и оти дошло до лизгање на земјиштето.

Градоначалникот на Акумоли Стефано Петручи за италијанската телевизија РАИ изјави дека биле оштени многу згради.
„Четири лица се под урнатините, но тие не покажуваат знаци на живот. Станува збор за родители и деца“, рече тој.

РАИ цитира извори во полицијата дека две лица загинале во близина на селото Пескара дел Тронто.

Земјотресот предизвика сериозна штета во голем број градови и села, но се чини дека не биле погодени густо населени области.

И жителите на Рим кој се наоѓа на околу околу 170 километри од епицентарот ги разбуди земјотресот.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Авганистан

Земјотрес во близина на Врњачка Бања