ВИДЕО: Жандармерија и возила за разбивање демонстрации распоредени во центарот на Белград

Од:

Автобуси полни со припадници на жандармеријата влегле во зградата на Собранието на Србија, објавија дел од српските медиуми.

Засилено полициско присуство има низ центарот на градот, особено пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК).

Во текот на денот во центарот на Белград беа снимени и полициски возила наменети за разбивање демонстрации. На снимките се гледа колона возила како од улицата „Кнез Милош“ свртува кон улицата „Крал Милан“, а колона возила на жандармеријата беше забележана и на автопатот.

Засега нема официјални информации дали возилата се упатени кон конкретна локација. Полициските службеници утрово им соопштиле на граѓаните дека улицата „Крал Милан“ е затворена од безбедносни причини, за обезбедување на РИК.

Низ блокираниот дел можеле да поминуваат само жителите од непосредната околина и граѓаните кои се упатувале кон своите избирачки места.

Во Србија се одржуваат предвремени парламентарни избори. Право на глас имаат 6.451.292 избирачи, кои гласаат на 8.392 избирачки места. Избирачките места се отворени од 7 до 20 часот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Првата седница на новиот српски парламент на 17 ноември

Студентите одат на 141 мандат: дијаспората го зададе завршниот удар, во недела ќе има прегласување во неколку општини

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ не го дава Информер: ако го згаснете, нема дијалог четири години

Катерина Ѓуровски

Карлеуша бара помош од Трамп и Маск оти „студентите ќе ја уништеле државата“

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски