ВИДЕО: Замолив да го прекине штајкот со глад, Вучиќ вели разговарал со Дијана Хрка

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео порака на својот Инстаграм профил, а како што тврди, утрово разговарал по телефон со Дијана Хрка, која штрајкува во близина на Чациланд.

Вучиќ изјави дека утрово разговарал со Дијана Хрка и Углеша Мрдиќ, кои штрајкуваат со глад.

Тој изјави дека „ја замолил Хрка да го прекине штрајкот со глад“.

„Утрово разговарав по телефон со Дијана Хрка и Углеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад, а ја поканив г-ѓа Хрка во претседателството на состанок. Сите добри луѓе во Србија се загрижени и се молам и се надевам дека ќе донесат одлука да го прекинат штрајкот“, рече Вучиќ.

Дијана Хрка го започна штрајкот со глад на 2 ноември, денот по годишнината од падот на крошната и комеморативниот собир во Нови Сад.

Хрка бара кривично гонење на одговорните за трагедијата во Нови Сад, ослободување на сите притворени студенти и распишување вонредни парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Вучиќ најави штрајк со глад и тврди дека политичките противници подготвуваат негово апсење или убиство

Вучиќ не сака СНС да учествува на претседателските избори во Србија, ама партија ќе одлучува за тоа на 13 декември

А1он

Вучиќ: Добив јасна и недвосмислена порака дека ќе бидам ликвидиран

Горан Наумовски

Вучиќ лично вршел притисок за да се отстранат пречките за изградба на хотелот на Трамп, објави „Фајненшл тајмс“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: Победата ќе дојде малку побавно отколку што се надеваме, но многу побрзо отколку што некои очекуваат

А1он

„Ова го правам за граѓаните“: Вучиќ во Собранието пушти снимка од сопругата на „Веља Невоља“ за да се огради од него