ВИДЕО: Заечар и Којсериќ – локални избори како референдум во Србија

Од:

Србија денеска ќе биде сведок на првиот изборен тест за рејтингот на актуелната власт на локално ниво по општествено-политичката криза предизвикана од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, која по 1 ноември минатата година предизвика бран протести и барања на студентското движење за воспоставување на регулирана правна држава.

Станува збор за локални избори во малата општина Косјериќ на запад од земјата и градот Зајечар на исток, и иако на прв поглед, со вкупно нешто повеќе од 55.000 гласачи, изборите не изгледаат премногу значајни, ова ќе биде прва пресметка меѓу власта и опозициските политички противници по повеќемесечните социјални, студентски блокади кои добија поддршка од граѓаните на Србија.

Собранието на градот Зајечар има 50 советнички места, а право на глас имаат 47.353 граѓани, кои од 7 до 20 часот гласаат на 69 избирачки места.

Собранието на општина Косјериќ има 27 советнички места, а на 29 избирачки места ќе може да гласаат 8.897 граѓани кои ќе избираат меѓу три листи – „Србија нема да ја дадеме – Александар Вучиќ“, „Руска партија – Србија во БРИКС! Слободан Николиќ“ и Обединети за Косјериќ.

Би можело да ве интересира

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград