ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска им се обрати на приврзаниците на Српската напредна странка (СНС) на митингот пред Народното собрание во Белград, при што најави дека новата програма на партијата ќе биде претставена во понеделник.

Тој рече дека граѓаните ќе бидат задоволни од новите мерки, меѓу кои најави и зголемување на пензиите уште пред почетокот на следната година.

„Ќе има значително зголемување на пензиите уште во ноември или декември, а и пред тоа ќе има нешто што многу ќе ве израдува“, изјави Вучиќ.

Во говорот, српскиот претседател изјави и дека ова најверојатно е неговото последно обраќање пред толку голем број граѓани во својство на претседател.

„Зборуваа дека никогаш нема да ја напуштам претседателската функција. Ова се моите последни денови и недели како претседател на Републиката“, рече Вучиќ, без дополнително да објасни на што точно се однесува оваа изјава.

Тој најави и дека од август во Србија ќе започне производство на хуманоидни роботи, тврдејќи дека тие ќе се произведуваат во фабрики кои, според него, ќе бидат „подобри од оние во Кина“.

Митингот се одржа под слоганот „Србија, едно семејство“, а претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, претходно најави дека на собирот ќе бидат претставени името на идната изборна листа и дел од политичката програма на партијата.

Пред почетокот на централниот настан, приврзаниците на СНС низ улиците на Белград носеа големо српско знаме. Колоната ја предводеа министерот за финансии Синиша Мали и Данило Вучиќ, син на претседателот.

На митингот присуствуваа и премиерот Ѓуро Мацут, шефот на пратеничката група на СНС Миленко Јованов, министерката за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, пратеникот Владимир Ѓукановиќ, како и други високи функционери на владејачката партија.

Поради одржувањето на митингот, повеќе улици во центарот на Белград беа затворени за сообраќај, вклучувајќи делови од Булеварот Крал Александар, Таковска, Кнез Милош и Трг Никола Пашиќ, а привремено беше блокиран и автопатот низ главниот град.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Веќе сум информиран кој ќе биде министер за надворешни работи, ќе видите каква политика ќе водат

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Вучиќ: „Упадот во ’Информер‘ е монструозно насилство, безумните напади врз луѓе мора да престанат“

А1он

Вучиќ изгуби во 26 од 29 градови во Србија

А1он