(ВИДЕО) Вучиќ оставен сам во Прага: Ердоган, Орбан ниту Макрон не го поканија да им се придружи

Од:

Шефот на српската држава Александар Вучиќ вчера пристигна во Прага за, како што објавија прорежимските медиуми, да им ја „исцица вистината од лицето“ на европските лидери. Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Вучиќ ќе биде „сам против сите“ и дека ќе ја покаже „сета сила на своите аргументи“ на самитот на европската политичка заедница.

Демонстрацијата на аргументи, судејќи според снимките од Прага, не помина како што очекуваше претседателот. Иако тврди дека е добредојден гостин и пријател на светските лидери, тие очигледно не сакале да се дружат со него, па Вучиќ слободното време го поминувал сам, на паузите меѓу важните состаноци.

Ниту пријателот Ердоган, ниту Орбан, ниту Макрон, ниту претседателот на Азербејџан Илхам Алиев не се сетија да го поканат српскиот претседател Александар Вучиќ да им се придружи.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, учествува на дводневниот самит на Европската политичка заедница во Прага.

Како што е најавено, на состаноците ќе се разговара за војната во Украина и нејзините последици за Европа.

Состанокот на европските лидери во главниот град на Чешката Република претставува чекор кон официјализирање на идејата на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање европска политичка заедница.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува

Горан Наумовски

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Вучиќ почувствувал болка во градите, која била силна и траела кратко време

Горан Наумовски

Брнабиќ: Здравјето на претседателот е сериозно нарушено

Вучиќ е примен на Воено медицинската академија во Белград

Горан Наумовски

Вучиќ поради здравствени причини ја прекина посетата на САД