(ВИДЕО) Вучиќ на отворањето на споменикот на Стефан Немања: Овие 24 метри можеби се премалку за неговата големина

Од:

Со интонирањето на химната на Србија и во присуство на неколку илјади граѓани, шефот на државата Александар Вучиќ и претседателот на Република Српска, Милорад Додик, вечерва во Белград беше откриен грандиозен споменик на српскиот средновековен владетел Стефан Немања, кој отсега ќе биде највисокиот во земјата.

Во сцената продефилираа група момчиња во витешки оклопи и со средновековна музика го пречекаа Големиот жупан Стефан Немања, кого го играше актерот Небојша Кундачина.

По ова, на собраните граѓани им се обратија прво Додик, а потоа и Вучиќ, кој рече: „се трудевме да ја обновиме Србија, но и да ја вратиме вербата во себе“.

„Баш како што денеска, на денот на Свети Сава, го откриваме овој величествен споменик, така за кратко време успеавме, не да го завршиме, како што велат некои, туку суштински да го изградиме и да го осликаме со најфиниот мозаик, најубавиот и најголемиот православен храм на светот, храмот на Свети Сава, а така ќе го обновиме и Хиландар и целата наша Србија. Успеавме да се обединиме и што е најважно, економски да ја исправиме земјата, национално да ја одбраниме и духовно да ја повратиме и да ја воздигнеме“, рече Вучиќ, додавајќи дека во власта се прашувале дали 24-те метри колку што е висок споменикот, се доволни за да ја одразат големината на Стефан Немања и неговото значење за српскиот народ.

Повеќе српски, но и балкански аналитичари направија паралели меѓу подигањето на споменикот на Стефан Немања од страна на српските власти и проектот „Скопје 2014“ во Македонија, и поконкретно со „Воинот на коњ“ од скопскиот плоштад, кој сепак, според официјалните податоци, е повисок од белградскиот споменик за половина метар.

Наспроти одобрувањето кај мнозинството граѓани, што го покажаа анкетите, повеќе познати српски интелектуалци зазедоа став дека грандиозниот споменик е непотребен и предимензиониран кич-проект, кој на српските граѓани им нуди популизам и бегство во минатото, во време кога државата се соочува со несигурна иднина поради повеќе тешки предизвици.

Би можело да ве интересира

Фицо: Словачка никогаш нема да ја изневери Србија по прашањето за Косово

Вучиќ: За прв пат во историјата на Србија, двајца министри поднесоа оставки

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“