ВИДЕО: Врнежи од град во Босна кршеа стакла на автомобили

Од:

Обилен дожд и силен град денеска го зафатија североисточниот дел на Босна и Херцеговина. Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека огромни парчиња мраз паѓаа во градот.

Во Грачаница, град во Тузланскиот кантон, имаше силен град кој оштети автомобили. На снимката која ја објави црна хроника на БиХ се гледа автомобил со напукната шофершајбна, додека задното стакло е целосно скршено.

Се чини дека штетите ќе бидат значителни.

Парчиња мраз со големина на тениско топче паѓаа и во областа Добој.

На една од фотографиите кои ги објави BHMeteo, може да се види парче мраз поголемо од тениско топче.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

Најмалку 100 лица загинаа во невреме во Индија

Горан Наумовски

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Бројот на жртвите од невремето во САД се искачи на пет

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Повеќе од 25.000 домови во Австралија без струја поради невреме