„Вонземјаните дојдоа во Тутин“. Ова не е нов научно-фантастичен филм, туку изборен спот за партијата за правда и помирување, основана од поранешниот претседател и главен муфтија на Џамијата на Исламската заедница во Србија, покојниот Муамер еф. Зукорлиќ, сега предводен од неговиот син Усаме, кој а изненади српската јавност со својот креативен пристап кон изборната кампања.
Имено, тие лансираа видео наречено „Вонземјани во посета на Тутин“, кое брзо стана хит меѓу граѓаните.
Во видеото, вонземјаните, очигледно збунети од ситуацијата на теренот, доаѓаат да го посетат Тутин, сликовито прикажувајќи ги предизвиците со кои се соочува локалната заедница. Овие меѓугалактички гости, се чини, не можеа да им поверуваат на своите очи кога го видоа недостатокот на инфраструктура и економската стагнација, кои, како што се наведува во видеото, се проблеми со кои граѓаните секојдневно се борат.
Преку низа хумористични ситуации, видеото на сатиричен начин ги прикажува апсурдите од секојдневието на Тутин. Но, зад смеата се крие сериозна порака: Партијата за правда и помирување не е тука само за да се потсмева на ситуацијата, туку и да понуди конкретни решенија. Спотот јасно ја истакнува визијата на партијата за решавање на овие проблеми, со што се обидува да ги придобие симпатиите и довербата на граѓаните.
Така, додека вонземјаните се враќаат дома со анегдоти за чудната планета наречена Тутин, на граѓаните им останува надежта дека некој конечно ќе им ги реши проблемите. А дали Партијата за правда и помирување ќе биде таа што ќе донесе промени, останува да видиме. На крајот вонземјаните велат: „Се гледаме за четири години“.