Земјотрес со јачина од 4,8 степени е регистриран во заливот Кушадаси во Турција околу 10 часот по локално време.
„Земјотресот се почувствува во крајбрежните квартови и центарот на Измир, како и во Ајдин. Според Дирекцијата за вонредни ситуации и управување со катастрофи, земјотресот бил на длабочина од 7 километри“, соопшти турската телевизија „ТРТ“.
Властите досега не објавија информации за повредени или настанати штети.
Дел од граѓаните на Измир вознемирени од земјотресот веднаш ги напуштија зградите.
Residents head to streets after earthquake jolts Turkey's Aegean regionhttps://t.co/PLO28bBF1I pic.twitter.com/KWmfGUehwB
— Yeni Şafak English (@yenisafakEN) November 11, 2020
Претходно, на 30 октомври турскиот град Измир го погоди силен земјотрес и во него загинаа повеќе од 100 лица, а околу 1.000 беа повредени.
Преживеаните кои во моментов живеат во шатори во Измир, за „Си-Ен-Ен Турк“ изјавија дека се плашат од нови земјотреси со јачина како тој од 30 октомври.