Земјотрес ја погоди Русија

Од:

Земјотрес со магнитуда од 4,1 степен според Рихтеровата скала е регистриран денес во близина на руското одморалиште Сочи, објавено е денес на порталот на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Се наведува дека епицентарот на земјотресот е детектиран осум километри од одморалиштето во областа Лазарев, на длабочина од 10 километри.

Жителите на Сочи пријавија мало тресење и нишање на социјалните мрежи.

Земјотресот го почувствувале жителите што живеат поблиску до епицентарот, а засега нема официјални информации за жртви или материјална штета.

Би можело да ве интересира

Лавров: И покрај длабоките политички разлики, подобро е да се разговара со САД

Каспаров го откажа патувањето во Берлин по предупредувања за можен атентат: „Европа стана игралиште на Путин“

Кушнер: Путин е подготвен за мир под соодветни услови

Русија: Нема да се согласиме на примирје, без да знаеме што следи потоа

Русија ѝ се закани на Австрија

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија