ВИДЕО: Во Истанбул уапсен Жељко Бојаниќ од кавачкиот клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Од:

Турската полиција во Истанбул го уапси црногорскиот мафијашки бос Жељко Бојаниќ кого го бараше Интерпол за криумчарење дрога. Бојаниќ беше обвинет и за убиството на Србинот Ристо Мијановиќ.

Според пишувањата на локалните медиуми, полициски екипи го пребарале и ископале дворот на вилата во која се криел Бојаниќ, сомневајќи се дека телото на Мијановиќ може да биде закопано таму. Потрагата ќе продолжи и во наредните денови.

Мијановиќ беше член на Шкаљарскиот клан, кој беше во војана со Кавачкиот клан на Бојаниќ од 2014 година. Кавачкиот клан во септември беше обвинет во Истанбул за убиство на шефот на „Шкаљар“ Јован Вукотиќ.

Си-Ен-Ен Турк објави дека Бојаниќ, кој го носи прекарот Борис и е меѓу 45-те најбарани криминалци во Европа во Турција влегол со лажен пасош.

Бојаниќ е поранешен близок соработник на сега починатиот Драган Дудиќ Фриќ. Тој беше ранет во престрелката во која беше убиен Дудиќ во 2010 година во кафулето „Мока“ во Котор.

Тој е во бегство откако Словенија по него распиша потерница поради сомнение дека учествувал во шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа од септември 2014 до јуни 2015 година.

Би можело да ве интересира

Објавени нови слики од шефот на Кавачки клан, еден од најбараните криминалци во Европа

Катерина Ѓуровски

Во близина на Истанбул е откриен дрон полн со експлозив

ВИДЕО: Нов инцидент со авион на Боинг, опасно слетување во Истанбул

(ВИДЕО) По експлозијата во ноќен клуб во Истанбул, се зголемува бројот на загинатите

Горан Наумовски

Убиен актер: Претепан до смрт во Истанбул

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Истанбул, шестмина повредени: напаѓачите се убиени

Катерина Ѓуровски