Четири лица загинаа при пожар во дом за стари и изнемоштени лица во бугарскиот град Варна, соопшти локалната полиција.
Загинаа тројца мажи на возраст од 70 до 73 години и една 88-годишна жена, пишува весникот „Новините“.
Две лица се хоспитализирани, од кои едното се наоѓа во критична состојба. Од домот се евакуирани 20 луѓе.
Полицијата ги истражува причините за пожарот, а началникот на полицијата во Варна, Атанас Михов изјави дека 53-годишен штитеник на домот за стари лица е осомничен дека го подметнал пожарот. Осомничениот, кој бил сместен во просторијата каде што избувнал пожарот, е сместен во болница поради психијатриски надзор.
Извор: МИА