(ВИДЕО) Ужас во Белград: 14-годишник пукаше во училиште, еден убиен и повеќе повредени

Од:

Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште во Врачар. Ученик од седмо одделение пукал на час. Убиен е чувар. Неколку деца се повредени, пренесуваат српските медиуми.

Момчето кое пукало е уапсено.

14-годишно момче пукало во ОУ „Владислав Рибникар“. Загина чувар, според првичните информации повредени се пет деца. Инцидентот траел неколку минути велат од српската полиција.

Според неофицијални информации, едно момче и едно девојче се пренесени во Ургентниот центар.

На терен се три екипи на Брза помош и голем број полицајци.

Би можело да ве интересира

Боровиќ: Од денеска Коста Кецмановиќ официјално има статус на оштетен на судењето на неговите родители

Проширено обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Се чувствував отфрлено затоа ги убив сите, сведочи Коста Кецмановиќ

Катерина Ѓуровски

Мајка добила порака „Ќе направам поголем масакр од оној во Рибникар“, веднаш била алармирала белградската полиција

На Владимир Кецмановиќ му е продолжен притворот за уште 60 дена

Обвинет за масакрот во „Рибникар“ призна дека дал лажна изјава во истрагата