(ВИДЕО) Украинецот што го разнесе Северен ток, уапсен на снимање филм за саботажата

Од:

Украинскиот нуркач Володимир Журављов, кого германското правосудство го сомничи за учество во саботажата на гасоводите „Северен тек“ во 2022 година, вчера бил уапсен во Пула, и тоа под необични околности – додека бил ангажиран на снимањето на холивудски филм кој токму за овој настан.

Според германскиот правен портал „Legal Tribune Online“ (LTO), Журављов бил дел од продукцијата на политичкиот трилер со работен наслов „Snake Island“, во режија на Даг Лиман, познат по филмовите „Идентитетот на Борн“ и други холивудски хитови. Во филмот главните улоги ги толкуваат Шон Пен и Адриен Броди.

Филмот е директно инспириран од експлозиите во Балтичкото Море со кои беа оштетени гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“. Приказната следи таен тим украински нуркачи кои изведуваат опасна подводна операција во услови на ескалација на војната меѓу Русија и Украина.

Откако на почетокот на август се снимало во Загреб, филмската екипа се преселила во Пула, најверојатно поради снимањето подводни и нуркачки сцени. Токму таму хрватската полиција го лоцирала и го уапсила Журављов.

Ова бил трет обид на германските власти да го приведат украинскиот нуркач врз основа на европски налог за апсење издаден од Сојузниот суд во Карлсруе.

Во летото 2024 година, тој избегнал апсење во Полска, од каде што со автомобил на украинскиот воен аташе бил префрлен во Украина. Во есента 2025 година повторно бил во Полска и бил приведен, но полскиот суд тогаш одбил да го екстрадира во Германија, со образложение дека уништувањето на руската енергетска инфраструктура можело да претставува легитимна воена цел во услови на војна.

По апсењето во туристички објект во Пула, Журављов се очекува да биде предаден на германските власти и изведен пред истражен судија на Сојузниот врховен суд во Карлсруе. Германските власти го товарат за противуставна саботажа, предизвикување експлозија и уништување објекти.

Во Германија веќе се водат постапки и против други осомничени членови на групата, меѓу кои и нејзиниот наводен водач и поранешен разузнавач Сергеј К. Германските обвинители го сметаат Журављов за еден од клучните оперативци во саботажата на дното на Балтичкото Море.

Би можело да ве интересира

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Дигиталната забава бара повеќе од добар дизајн: Како возрасните ја избираат вистинската онлајн платформа

Опасниот отпад ја ниша хрватската влада

Пријава против мотоциклист, и покажа среден прст на полициска камера – казната е најмалку 700 евра

А1он

Српски инфлуенсер уапсен во Сплит поради четнички тетоважи: ќе биде протеран од Хрватска

Предраг Петровиќ

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он