Демонстранти ученици фрлаа со молотови коктели врз полицијата во Солун за време на протестна поворка во спомен на грчки тинејџер убиен пред четири години од страна на полицијата во Атина.
Околу илјада млади луѓе протестираа во Солун, јавуваат грчки медиуми.
Во Атина демонстрираат околу две илјади млади лица. Во цела Грција денеска се одржуваат демонстраци по повод годишнината од убиството на 15-годишниот Александрос Григоропулос.
На улиците во Атина и Солун се распоредени околу пет илјади полицајци. Полицаецот кој во 2010 година го застрела Григоропулос е осуден на доживотен затвор.