Во пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград загинаа осум ученици и еден чувар. Шест ученици и еден наставник се тешко повредени, соопшти МВР.
На повредените им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар и Клиниката во Тиршова.
„Во училишниот двор е пронајден и приведен ученикот од ова училиште К.К.(2009), кој е осомничен дека го сторил ова дело. Сите полициски сили се уште се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околностите што довеле до оваа трагедија“, се наведува во соопштението на МУП.
Директорот на Клиниката во Тиршова Синиша Дучиќ за РТС вели дека три деца од училиштето биле префрлени во таа институција.
„Застрелани се две тринаесетгодишни момчиња и едно девојче. Двете момчиња се невро-васкуларно стабилни. Станува збор за прострелни рани на долните екстремитети. Тие се под надзор и примаат терапија“, вели доктор Дучиќ.
Тој истакнува дека девојката има повреда на главата и е во операциона сала.
14-годишникот беше приведен набрзо откако избега од училиштето каде што го спроведе масакрот.