ВИДЕО: Уапсен поранешен српски фудбалер, осомничен дека е водач на наркоклан

Од:

Шпанската полиција го уапси поранешниот српски фудбалер Стефан Милоевиќ, син на некогашниот фудбалер Горан Милоевиќ, објави „Б92“. Тој е осомничен дека бил водач на наркокланот „Јунајтед трибјунс“.

Освен Милоевиќ, уапсени се уште 15-ина лица, кои се доведуваат во врска со кланот.

Во акцијата против трговија со дрога и организираниот криминал шпанската полиција, во соработка со Европол, извршила 18 претреси во Палма де Мајорка, Тарагона, Валенсија и Барселона, а особено на удар биле дилерите на дрога и осомничени лица дека ги контролираат ноќниот живот и борделите на овие актрактивни дестинации.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во Турција е уапсен Хрват, шеф на меѓународен наркокартел

ВИДЕО: Во Бразил уапсен синот на српскиот крал на кокаинот

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски овозможиле балкански нарко-босови да добијат македонски пасоши и документи

Убијците испукале 20 куршуми во глава врз црногорските нарко-босови во Атина

А1он