Убијците испукале 20 куршуми во глава врз црногорските нарко-босови во Атина

Од:

Најмалку четворица учествувале во бруталното убиство на Стеван Стаматовиќ и Игор Дедовиќ во Атина вчера вечерта, покажуваат снимките од сигурностите камери од околните згради и локали. Двајца од нив вчера, маскирани, ладнокрвно влегле во ресторанот каде што седеле двајцата истакнати членови на Шкаљарскиот клан со нивните сопруги и со децата и буквално ги изрешетале. Се се случило за околу триесет секунди.

Одма по убиството напаѓачите влегле во џип по кој сега трага полицијата. На лице место се пронајдени чаури со калибар од 9 милиметри, од два различни пиштоли.

„Убијците биле професионалци, спрема начинот на кој управувале со оружјето се гледа дека биле исклучително искусни. На своите жртви нишанеле мирно. Испукале околу 20 куршуми за да убијат две лица, што само укажува на нивната решеност жртвите да не преживеат. Им пукале во глава, а во ресторанот влегле мирно, па вработените во првиот момент помислиле дека се гости“, изјавил извор од грчката полиција.

И сопругата на Стеван Стаматовиќ не била поштедена, и со повреди на ногата била пренесена во истата болница каде што е прогласена смрт на „шкаљарците“.

Според неофицијалните информации, во болница се наоѓа и едно од децата на убиените кои биле очевидци на убиството. Тоа е под психијатриски надзор поради шокот што го претрпело.

За Игор Дедовиќ (43), кој со браќата Вукотиќ беше идентификуван како водач на Шкаљарскиот клан беше издадена потерница за обид за двојно убиство на Војин Ступар и Милош Радоњиќ, блиски до Кавачкиот клан во март 2016 година во Котор. Црна Гора бараше екстрадиција на Јовица Вукотиќ за делото, додека Милиќ Миња Шаковиќ беше уапсен и однесен во притвор во Спуж, а потоа ослободен.

Српските истражни органи Дедовиќ го поврзуваа со шверц на тони кокаин најден во Црна Гора минатата година. Стеван Стаматовиќ, пак, важи за водач на Загоричани, криминална група од Подгорица која блиску соработувала со Шкаљарскиот клан.

Еден од најблиските соработници на двајцата водачи убиени вчера е Милиќ Миња Шаковиќ кој е на слобода во Црна Гора.

Од водачите на „шкаљарците“ останаа уште браќата Вуковиќ, со тоа што Јовица Вуковиќ е во екстрадиционен притвор во Белград, а Игор Вуковиќ е во бегство и за него е распишана меѓународна потерница.

Би можело да ве интересира

Убиен работник од Украина во Славонски Брод

Горан Наумовски

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Со кражба на идентитет испрале десет милиони евра од кокаин

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син