Едно лице е уапсени по нападот врз српскиот премиер Александар Вучиќ кој во саботата присуствуваше на комеморацијата во спомен на жртвите од масакрот во босанскиот град Сребреница во текот на војната сторен од силите на босанските Срби, пренесува весникот Dnevni avaz.
Според видео снимките кои ги емитуваа бројни медиуми, српскиот премиер беше нападнат со камења, и притоа удрен во лицето, но обезбедувањето на Александар Вучиќ спречи потежок инцидент.
По инцидентот веднаш реагираше реис-ул-улемата на Исламската заедница во БиХ, Хусеин ефенди Кавазовиќ и ги повика сите присутни на комеморацијата да останат достоинствени.
„Да останеме достоинствени во нашата болка и да не дозволиме на оние кои ги предизвикале да денеска бидат над нашата болка. Свртете ги своите лица кон табутите, а не кон оние кои тука дошле“, рече Кавазовиќ.
Не влезот од гробиштата на кои ќе бидат погребани останките на 136 жртви, толпа луѓе ја пробија заштитната ограда и тран кон Вуќиќ и неговата придружба, гаѓајќи со камења, шишиња, чевли….
Српскиот премиер по инцидентот успешно беше евакуиран кон Селани, кон границата на Србија и БиХ. „Имајќи предвид дека очекувавме вакво нешто, уфрливме одреден број лица во цивилно во масата и тие веднаш реагиравме кога тргна нападот врз премиерот Вучиќ“, изјави за Танјуг министерот за внатрешни работи на ентитетот Република Српска, Драган Лукаќ.