ВИДЕО: Трагедијата собра огромен број луѓе во центарот на Белград – Солзи, цвеќиња и свеќи за трагично настраданите ученици и портир

Од:

На повеќе места во центарот на Белград се собраа голем број граѓани за да им оддадат почит на жртвите во денешниот масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ и да им дадат поддршка на нивните семејства.

Најмногу луѓе има на Цветниот плоштад.

Тие донесоа цвеќе и запалија свеќи за осумте убиени деца и обезбедувачот Драган Влаховиќ.

Луѓето се собраа и во близина на училиштето каде утринава околу 8 часот и 40 минути момче уби чувар и осум ученици, а повреди уште шест деца и наставник, а потоа повика полиција која го уапси.

Илјадници граѓани побараа оставки од одговорните пред Министерството за образование поради денешниот масакр.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Горан Наумовски

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски