Татко на убиено девојче во „Рибникар“ тврди: Родителите на момчето-убиец лажат и глумат кога плачат

Од:

Денеска судењето на родителите на момчето убиец (14) кое го изврши масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград на 3 мај 2023 година, каде уби 10 лица, девет ученици и училишниот чувар, продолжил во Вишиот суд во Белград. Судењето започна во 10:30 часот, а во понеделникот судскиот совет одлучи судењето да биде затворено за јавноста.

„Денеска ѝ е 15-ти роденден на нашата ќерка, бевме на гробишта и и подаривме златна нараквица со три крста и голема играчка. Вечерва на Ташмајдан организиравме лизгање на мраз за децата од „Рибникар“ каде ќе послужиме колачи во чест на нашето дете“, изјави за „Нова С“, таткото на убиенaтa А.А.

Тој го коментираше и однесувањето на родителите на момчето убиец. Мисли дека лажат и се преправаат кога плачат.

„Тие (родителите на момчето убиец) лажат и глумат кога плачат. Нивните емоции се нула. Кога мајката го видела својот син за прв пат, немало солзи. Таткото кажа дека семејството му е уништено. А како го воспитале детето? Што прави нивното дете на интернет? Како не може да видите оружје и молотови коктели два дена?“, додаде таткото.

Би можело да ве интересира

Наставничката по историја во ОУ „Владислав Рибникар“ доби награда за храброст

Трета тужба против родителите на убиецот од Врачар

Адвокатот Божовиќ: Побаравме оштетените да присуствуваат на судењето на Кечмановиќ

Родителите на децата убиени во „Владислав Рибникар“ на суд дојдоа со слики од нивните најблиски

Таткото и мајката на убиецот од Врачар се изјаснија за невини за обвиненијата

Горан Наумовски

Потресни сцени, солзи, фотографии од убиените: Судење на родителите на убиецот од „Рибникар“

Катерина Ѓуровски