(ВИДЕО) Тешка сообраќајна несреќа во Србија: загина тинејџер, 36 повредени

Од:

Во судар меѓу автобус и патничко возило што се случи утринава на стариот пат меѓу Нови Сад и Инџија, едно лице го загуби животот, а 36 се повредени, од кои четворица имаат тешки телесни повреди.

-Околу 7 часот и 30 минути на патот меѓу Инџија – Нови Сад, кај Инџија, во сообраќајна незгода учествувале автобус на редовна градска кружна линија и патничко возило, соопштија од Полициската управа Сремска Митровица.

Според информации на српски медиуми, младо лице на возраст од 18 години возел диво и престигнувал возила, а возачот на автобусот се обидувал да го избегне.

Двете возила од силината на ударот завршиле во ендек, а лицето што го управувало патничкото возило загинало. При судирот градскиот автобус се превртел на страна.

Од Здравствениот дом Инџија соопштија дека на лице место укажана е помош на 36 патници. -Четворица од нив се тешко повредени, а десет се испратени во Нови Сад на понатамошно лекување.

Седум се испратени во Белград, а двајца во Сремска Митровица, се наведува во соопштението. Полициската истрага е во тек.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

Втор ден од собирот „Не ја даваме Србија“

А1он