Загрепскиот трамвај број 6 денеска беше ринг за двајца постари мажи кои си разменија опасни удари. На социјалните мрежи се појави снимка од тепачката.
На едниот се гледа дека му тече крв по лицето.
Се гледа дека мажите се удираат со боксови, се влечат, додека во позадина се слуша глас кој вели „исфрли го надвор“.
На крајот на снимката се слуша и друг глас кој им вели на мажите да излезат од трамвајот и да не ги вознемируваат другите патници. „Надвор решавајте го ова“, вели човекот.
Хрватските медиуми јавуваат дека интервенирала полицијата.