ВИДЕО: Тензија и инциденти пред судот во Нови Сад, протести и во Ниш

Од:

Неколку инциденти меѓи демонстрантите и полицијата се случија утрово откако жанрермеријата се обиде да внесе дел од вработените во судот пред кој се собрани студенти и граѓани.

Утрово пред седум часот пред зградата на судот и обвинителството во Нови Сад на улицата „Сутјеска“ се собраа студенти и граѓани барајќи ослободување на активистите на организацијата СТАВ и ПСГ, кои веќе два месеца се во притвор во затворот Клиса, а во вторник, на 13 мај, им беше продолжен притворот за нови 30 дена.

Шестмина активисти и студенти на опозициското Движење на слободни граѓани (ПСГ) и на организацијата Студенти против авторитарната власт (СТАВ) се во притвор 60 дена откако беа обвинети за обид за уривање на уставниот поредок, а судот во вторникот им го продолжи притворот за нови 30 дена.

За истото дело обвинети се уште шест активисти на СТАВ, кои во моментот на апсењето биле во странство, каде се и денес.

Сите беа обвинети врз основа на аудио снимка од незаконски прислушуван разговор, кој беше емитуван на телевизија на 14 март.

Бранителите на обвинетите постојано тврдеа дека Безбедносно информативната агенција (БИА) незаконски го прислушувала разговорот и додаваат дека аудиоснимката не може да биде правно валиден доказ во процесот.

Би можело да ве интересира

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград