Припадниците на специјалната полициска единица на Косово денеска донесоа специјално оклопно возило на преминот Јариње, на кое беше поставен митралез, пишуваат српските медиуми.
Протестот на Србите од Косово и Метохија, незадоволни од одлуката на Приштина да ги замени регистарските таблички со српски ознаки и да распореди специјални полициски сили на административните премини Јариње и Брњак, трае веќе седум дена.
Неколку десетици камиони и неколку десетици возила на граѓани од северот на Косово и Метохија направија блокада, долга околу три километри, но тами има и дваесетина оклопни возила на РОСУ и џипови на косовската државна полиција.
Паралелно на социјалните мрежи повторно и денеска се појави видeo на кое се гледаат оклопни возила на српската војска на спореден пат во близина на границата.
Во текот на денот два српски воени авиони и хеликоптер на КФОР го натлетаа регионот.
Премиерот на Албанија, Еди Рама ќе престојува утре во еднодневна посета на Косово, на покана на неговиот косовски колега, Албин Курти.
Рама ќе допатува во Косово од САД, каде што учествуваше на 76-то заседание на Генералното собрание на Организацијата на обединетите нации. За време на престојот во Приштина, албанскиот премиер ќе биде придружуван од дел од неговиот владин кабинет, објавија косовските медиуми, повикувајќи се на извори во Владата на Курти.