28 луѓе се повредени, од кои тројца потешко во сударот на еден автобус и камион доцна синоќа на Ибарската магистрала во Србија. Сударот го предизвикал возачот на автобусот.
Несреќата се случила кога автобусот на бањалучкиот авто превозник преминал на левата страна и директно се судрил со камионот.
Најтешки повреди има возачот на автобусот но засега неговата здравствена состојба, пренесуваат српските медиуми е стабилна.