(ВИДЕО) Студентите на Универзитетот во Прага се обидоа да се сокријат од напаѓачот на покривот на зградата

Од:

За време на денешното пукање на Универзитетот во Прага, загинаа најмалку 17 лица, меѓу кои и напаѓачот. Одреден број студенти се обидоа да си го спасат животот криејќи се на покривот од зградата на факултетот.

Според сведочењата, напаѓачот се движел по ходникот носејќи пушка од голем калибар. Во еден момент напаѓачот се качил на покривот, а учениците се обиделе да се скријат. Во нападот се ранети 24 студенти.

Напаѓачот е 24-годишниот студент Дејвид Козак, кој според полицијата го убил сопствениот татко пред крвавиот напад на Универзитетот.

„Во 12 часот и 45 минути полицијата пронашла мртов маж во куќата, за кој се испоставило дека е татко на напаѓачот. Напаѓачот е и студент на Филозофскиот факултет во Прага, а во 14 часот држел предавање. во една од зградите на факултетот. Во 14 часот и 59 минути пукањето се случило во сосема друга зграда на плоштадот Палакехо. Во 15 часот и 20 минути телото на напаѓачот било пронајдено“, соопштија официјално од полицијата.

Министерот за внатрешни работи Вит Ракушан изјави дека нема докази дека се работи за меѓународен тероризам.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Тешко ранета е вработена во прилепскиот Центар за социјални работи

Горан Наумовски

Пукање во скопското село Моране, тешко повреден е маж кој е пренесен во болница

Петр Павел: Мора да бидеме подготвени за тоа дека САД ќе не остават на цедило

А1он

Тајната служба застрела маж пред Белата куќа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пукање во Торонто: Осомничениот во бегство откако рани најмалку 12 луѓе