Припадници на српското МВР денеска лоцираа и уапсија тројца припадници на косовската полиција. Станува збор за Р.З., Б.С. и М.Ш. кои се уапсени на територијата на централна Србија.
Hapšenje Kurtijevih specijalaca pic.twitter.com/Iz3wCR0gfC
— Arsil (@arsagarson) June 14, 2023
„Со брза и ефикасна акција на српската полиција, успешно беше спречен обидот на косовската полиција да изврши инвазија на територијата на централна Србија, што по сите параметри претставува терористички акт со цел дополнителна дестабилизација и ескалација на конфликтот насочени против Република Србија“, велат од српската полиција.
Сите тројца уапсени имале автоматско оружје, целосна воена опрема, ГПС уреди, мапи и друга опрема.