ВИДЕО: Српските студенти тргнаа со велосипеди кон Стразбур

Од:

Студентите во блокадата утрово со велосипеди тргнаа кон Стразбур, со цел да се обратат до Советот на Европа во врска со нивните барања и тоа што српските институции не одговараат на нив. Патувањето треба да трае околу 12 дена, а рутата е долга 1.300 километри.

Студентите ќе бидат придружувани од сообраќајната полиција, еден автомобил кој ќе биде пред нив и пејсмејкер – велосипедист кој го диктира темпото.

Многу странски и домашни медиуми ги испратија студентите.

Институциите до кои ќе се обратат студентите велосипедисти се Советот на Европа, Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.

Дијаспората ја поддржа иницијативата на српските студенти кои утрово заминаа за Стразбур, па во сите градови низ кои минуваат ќе се организира сместување во нивните куќи.

Би можело да ве интересира

Студентите бараат итни оставки на генералниот директор и уредништвото во РТС

Катерина Ѓуровски

Студентите во Србија се против упадите во медиумите, се бара одземање на дозволата на Информер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Протести пред Пинк и пред РТС во Белград, судири со полицијата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Избори во Србија: Во огромни колони се чека за гласање

Катерина Ѓуровски

Избори во Србија: Студентската листа води пред Вучиќ, покажува најнова анкета

ВИДЕО: Ова се мои последни денови како претседател, најави Вучиќ на собирот на СНС во Белград